Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, ги повика Србија и претставниците на Србите во Косово да ги почитуваат своите обврски од дијалогот и да се вратат во институциите во Приштина, а властите во Приштина да го продолжат процесот на пререгистрација на возилата, прекинување на сите казнени дејствија против сопствениците на регистарски таблички КМ и веднаш да апочнат со преземање чекори кон формирање на Заедницата на српските општини.
Борел оценува дека повлекувањето на Србите од приштинските институции на Косово не е решение за актуелните спорови и има потенцијал за дополнително ескалирање на тензиите на теренот.
Неодамнешните настани во односите меѓу Косово и Србија ги загрозуваат годините напорна работа и достигнувања постигнати во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, и ја комплицираат безбедносната ситуација во регионот и пошироко“, рече Борел во писмена изјава објавена на веб-страницата на Европската унија.
Упати апел до двете страни да покажат подготвеност да бараат решенија на конструктивен начин и да ги почитуваат своите обврски преземени во дијалогот.
Ги повикуваме Србија и претставниците на косовските Срби да ги почитуваат своите обврски од дијалогот и да се вратат во косовските институции за да ги исполнат своите должности, вклучително и полицијата, судството и локалната администрација“, рече Борел.
Истовремено, како што нагласи, ЕУ ги повикува властите во Приштина да ги почитуваат своите обврски без одлагање.
Тоа значи дека тие веднаш треба да го продолжуваат процесот на пререгистрација на возилата и да ги прекинат сите казнени дејствија против сопствениците на регистарските таблички на КМ. Прашањето за регистарските таблички може да го решат страните во рамките на дијалогот“, изјави Борел.
Тој нагласи дека „ЕУ го повикува Косово веднаш да започне чекори кон формирањето на Заедницата на српските општини“.
Потсетува дека косовското Собрание го ратификуваше Бриселскиот договор и дека Уставниот суд во Приштина донел одлука тој да се формира.
Затоа, неговото формирање е обврзувачка законска обврска за Косово. Континуираното неспроведување на оваа обврска го поткопува принципот на владеење на правото и го нарушува угледот и кредибилитетот на Косово“, рече Борел.
Шефот на европската дипломатија рече дека е одговорност на страните да обезбедат мир и стабилност.
Секое дејствие, како палење автомобили или застрашувачка реторика што може да доведе до тензии, се неприфатливи и ќе предизвикаат соодветна реакција од меѓународната заедница“, рече Борел.
Тој нагласи дека „ЕУЛЕКС“, кој тесно соработува со КФОР и косовската полиција, е подготвен да обезбеди стабилност на теренот на Косово.
Еулекс и КФОР ќе продолжат да го поддржуваат одржувањето на безбедна средина во согласност со нивните мандати“, рече Борел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.