Шефот на европската дипломатија на Европската унија, Жосеп Борел, вечерва изјави дека ЕУ била јасна на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти дека деескалацијата мора да се случи веднаш и безусловно.

„Речиси четири недели гледаме како, според мене, ситуацијата на север непотребно се влошува. Војници на КФОР, новинари, граѓани беа повредени и секој ден слушаме за инциденти. Ова не може да продолжи, тоа е неприфатливо. Затоа ги повикав Вучиќ и Курти денеска да дојдат во Брисел на состанокот за управување со кризи“, рече Борел на прес-конференцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.