Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ), во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.759 случаи на грип, а првиот смртен случај е регистриран вчера.
Во моментов најголем број заболени од грип има во три жупании: Пожего-славонска, Бродско-посавска и Крапино-загорска.
Од ХЗЈЗ очекуваат дека во наредниот период притисокот од грип ќе биде посилен со оглед на празничните собири, затворените простори и враќањето на децата во училишните клупи.
Во Бродско-посавската жупанија, која бележи повеќе од 200 случаи на грип неделно, е регистриран првиот смртен случај.
Средовечен маж со многу хронични заболувања починал на Инфективното одделение во болницата во Славонски Брод, јавува Јутарњи лист.
– Станува збор за лице родено 1958 година кое е невакцинирано и има коморбидитети. Грипот се докажа со ПЦР и тоа уште еднаш покажува дека грипот е сериозна и опасна болест – истакнува за ХРТ Анте Цвитковиќ, директор на Институтот за обука за јавно здравје на Бродско-посавската жупанија.
Кај овој пациент грипот ја предизвика таа несакана и малку непредвидена серија на настани кои, за жал, доведоа до смртоносен исход, изјави доктор Ивица Чабраја од Одделот за инфектологија, болницата во Славонски Брод.
По респираторниот синцицијален вирус, кој ги полни ургентните и педијатриските чекални, стрептококата, коронавирусот и грипот, од кои за само една недела бројот на заболени се зголеми за дури 140 отсто, се повеќе проблеми имаат сега и возрасните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.