Полицајката Џ.С од ПЦ Градачац беше суспендирана поради контакти со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, а сега се појавија докази дека имала контакти и со други криминогени лица.
Имено, полицијата има докази (фотографии) дека суспендираната полицајка имала контакти со други лица од криминалната средина.
Таа објави фотографии со некои од нив на Инстаграм.
Инаку полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла поведе дисциплинска постапка против полицајката од Градачац, врз основа на која е одлучено да биде суспендирана од функцијата.
По бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ, кое го изврши нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ, Џенана се сомничи дека ја открила локацијата на која била жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.