Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во судир на патнички воз и товарен воз во близина на градот Лариса во северна Грција во вторникот нешто пред полноќ.
Двата воза се судриле нешто пред полноќ, кога патнички воз со околу 350 патници сообраќал од Атина кон Солун, а во спротивен правец сообраќал товарен воз.
По судирот, неколку вагони излетале од шините, од кои најмалку еден наводно бил целосно уништен, додека останатите биле зафатени од пламен.
Еден патник рече дека слушнал „голем удар“ проследен со 10 секунди „кошмар“.
Како што рече, се вртеле во вагонот додека не паднале на страна, а потоа веќе избил пожарот.
Друг патник вели дека успеал да побегне од вагонот откако скршил прозорец со куфер.
Беше како земјотрес“, вели друг патник.
Никогаш не сум видел такво нешто во мојот живот. Трагично е. По пет часа пронајдовме нови тела“, рекол еден од спасувачите, пренесува AFP. Тие успеале да извлечат поголем дел од патниците на безбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.