Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата.

Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“.

Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести.

-Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“.

Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.