Детето на возраст од една и пол година, кое вчера околу 16 часот паднало од четврти кат од зграда во Нови Пазар, им подлегнало на повредите во возилото на Брзата помош на пат кон Белград, каде било носено поради тешки повреди, јавува РТС.

По падот, детето се здобило со тешки повреди на основата на черепот и скршеница на екстремитет, а по првичното лекување во болницата во Нови Пазар е упатено на понатамошна нега во Белград.

На пат кон Белград, здравјето на детето се влошило, по што било реанимирано во болницата во Краљево, јавува РТС.

Детето престана да дише околу Маглич, по што беше реанимирано два часа, изјави за РТС директорот на Општата болница во Краљево, доктор Зоран Мрвиќ.

Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата, соопшти српската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.