Двајца Албанци од Косово, кои заминале кон Украина за да им се придружат на украинските вооружени сили, биле приведени на границата меѓу Украина и Полска, каде што биле испрашувана четири часа за причините поради кои сакаат да влезат во Украина.
Како што пишува „Косово онлајн“, Азиз Бељули и Исмет Шаљња од Сува Река, објаснувале дека една од причините поради кои сакаат да се борат на страната на Украина е тоа што оваа земја го нема признаено Косово и тие се надеваат дека ќе придонеста да се промени таквата одлука.
Сакаме да се придружиме и да ги поддржиме САД, затоа што потоа можеби Украина ќе го признае Косово – изјавил Шаља.
Инаку, учество во војни надвор од територијата на Косово е кривично дело и се смета како акт на теротизам, а предвидени се казни од три до 15 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.