Видеото е снимено вчера наутро, а по силниот удар мечката побегнала во шумата.

На местото на несреќата не е пронајдена крв, па се претпоставува дека мечката не била тешко повредена. Споменатиот настан е снимен нешто пред шест часот наутро кога животното истрчало од десната страна преку коловозот, по што следел жесток судир со автомобилот. Животното потоа побегнало во шумата, пишува 24ur.

„За среќа не се работи за силен судар бидејќи во спротивно повредите ќе беа многу поголеми. Се надеваме дека ударот во десниот дел од предниот браник не бил фатален за мечката која побегнала од местото на несреќата. “, соопшти полицијата по истрагата.

По несреќата започнала потрагата по мечката. Ловец ја следел со куче, кое набрзо ја намирисало трагата на животното, но по три километри ја изгубило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.