Кога Даниел Зелгер од Австрија пристигнал на одмор во местото Изола на брегот на Јадранското море во Словенија, не помислувал дека ќе се најде во ситуација да биде херој на градот.

Тој забележал како автомобил паѓа во морето, а во него биле четиригодишно дете и неговата баба. Жената заборавила да го стави автомобилот во брзина, и тој нарзо завршил во морето.

Гледајќи го тоа, Зелгер скокнал во водата. Успеал да ги спаси и двајцата. На почетокот жената не сакала да го напушти автомобилот, а причината била нејзинот внуче.

Жената беше во шок, не знаеше што се случува. Ја отворив вратата и го извадив момчето. После тоа ја спасив и неа, објасни Зелгер.

На местото биле испратени протипожарни екипи и итната помош.

На крајот со кран автомобилот бил изваден.

На Зелгер полицијата ќе му врачи орден за храброст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.