Во тешка автобуска несреќа на патот меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново загинати се најмалку еден патник, а повеќе од 19 се повредени, пренесува Нова.бг. Сите се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград.

Во автобусот со бугарски таблички патувале 40 патници, од кои четири деца. За среќа, тие не се повредени. Сите се враќале од патување во Грција.

Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по кривина.

На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни возила, прецизираат од полицијата.

Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина. Екипа од 4 истражители врши увид, се чека назначувањето на вештачењето.

Спасените од автобусот се згрижени во зградата на општина Младиново, пренесе Нова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.