Амониак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград.

Како што јавува „Танјуг“, 10 лица се префрлени во болницата во Панчев, а двајца од нив се на кислодорна терапија.

Инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на протипожарната служба и на полицијата, а жителите на десетина околни куќи се евакуирани.

Железничкиот колосек на кој се случи истекувањето амонијак од цистерната води до „Азотарата“ во Панчево.

На крајот на декември четири вагони со амонијак излегоа од колосекот на пругата Пирот – Димитровград, пренесе Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.