Aдмиралот на американската морнарица, Стјуарт Б. Мунш, командантантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, која ги надгледува силите на НАТО во Косово, изјави дека алијансата и понатаму е загрижена за ризикот од обновување на насилството во нестабилниот север на Косово.

Жешката политичка реторика на Приштина може да инспирира некои невладини сили да извршат насилство како она што се случи минатата година“, им рече Мунш на новинарите во Приштина.

Коментирајќи го недостатокот на напредок во преговорите, со посредство на ЕУ, меѓу косовската влада и Србија, адмиралот Мунш додаде дека таквата ситуација предизвикува напнатост/

Не би рекол дека дефинитивно ќе има конфликт, но мислам дека постои постојан ризик“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.