Амбасадорот на Русија во БиХ, Игор Калабухов вечерва гостуваше на босанската Фејс ТВ, каде зборуваше околу плановите на БиХ за членство во НАТО.
Наm не ни пречи да влезете во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Вие одлучувате. Тоа е како маѓепсан круг, веќе кажав… Да претпоставиме, на пример: БиХ станала членка на НАТО и Брисел одлучи да стави нуклеарни проектили насочени кон Москва. Ние ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа јас мислам дека излезот мора да биде европски систем, а не НАТО, истакна Калабухов.
На прашањето зошто на Русија „не и пречат“ околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори: „Како вие знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“
Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме, изјави рускиот амбасадор на прашањето на водителот „дали имате планови против Хрватска“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.