Албанската полиција во текот на 2023 година запленила четири тони канабис, а уништила 293 илјади стебла марихуана.

– Во текот на изминатата година разбиени се 28 криминални групи, спроведени се 171 акција, откриени 335 случаи на одгледување марихуана, уништени се 293.047 стебла марихуана, а 273 лица се уапсени. Запленети се четири тони канабис, 62 килограми хероин, 23 килограми кокаин и 11 илјади таблети екстази. Еден од предизвиците е борбата против синтетичките дроги – објави министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

Задржувајќи се на економскиот криминал, во текот на 2023 година, во оваа област се евидентирани 3.395 случаи со идентификувани 4.017 сторители, 815 се приведени, останатите се кривично гонети. Разбиени се пет криминални групи од областа на економскиот криминал, две групи од областа на компјутерскиот криминал.
Во однос на медиумите и социјалните мрежи кои отсликуваат случаи кои создаваат различни оценки за однесувањето на полицискиот службеник, тој наведува дека наредбата на полицискиот службеник мора да се почитува.

– Има случаи кога не се согласувате со наредбата, но тоа не значи дека имате право да се спротивставите, побарајте адвокат. Наредбата е задолжителна, спротивното е кривично дело. Не можете да му се спротивставите на полицаецот, мора да се почитува наредбата – порачува Бала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.