Во Албанија за првпат почна да се реализира државна програма за социјална заштита на невработени жени со три или повеќе деца до 18 години.
Од 1 јануари мајките со три или повеќе деца, кои аплицираат во е-Албанија, ќе имаат корист од новата политика за поддршка на невработените мајки со деца до 18 години, на кои државата ќе им гарантира здравствено и социјално осигурување во првите 5 години по раѓањето на детето и тоа им се признава како работен стаж, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Тој на социјалните мрежи сподели информативно видео за тоа како може да се аплицира преку владиниот портал е-Албанија и упати апел оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Со пријавување на платформата е-Албанија, мајките со три или повеќе деца можат да аплицираат во програмата за државна поддршка за плаќање на здравствени и социјални придонеси.
Тој додава дека за оваа цел од буџетот ќе бидат издвоени средства во износ од 600 милиони лека (над 5,2 милиони евра) а ова право ќе го остварува секоја жена чие семејство има приход до 100 илјади лека (877 евра) месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.