Албанија го одложи за идната година пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти Институтот за статистика – ИНСТАТ.

Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската Унија (Евростат) – се наведува во соопштението, што го пренесе „Топ чанел“.

Ова е вторпат како се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиот пат одложувањето беше поради ситуацијата создадена од пандемијата со Ковид-19.

Потоа, ИНСТАТ одлучи на 1 октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности – наведува телевизијата.

Во годишната програма на ИНСТАТ се наведува дека овој попис се очекува да трае шест недели и оти сите активности за успешен попис ќе завршат навреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.