Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, по владина седница, одговарајќи на новинарско прашање, порача дека владата сè уште нема нацрт-резолуција за конфликтот во Украина.
Џачка додаде дека Албанија соработува со САД и дека нејзината земја ќе игра многу активна и кредибилна улога во овој процес.
Немаме подготвено нацрт-резолуција поврзана со конфликтот во Украина, но ние сме во фаза кога со САД се договоривме за блиска соработка и заедничко изготвување продлабочувајќи го стратешкиот однос. Ние сме конструктивна и кредибилна земја и ќе играме многу активна улога во Советот за безбедност на Обединетите нации во текот на нашиот двегодишен мандат, како непостојана членка – изјави министерката.
На последната пленарна седница на албанскиот Парламент, минатиот четврток, поранешниот претседател, експремиер и актуелен пратеник, демократот Сали Бериша, од собраниската говорница побара парламентот под итно да усвои Резолуција и да изрази целосна солидарност со Украина.
Исто така, Бериша побара Албанија да ја снабдува Украина „најмалку со куршуми и друга муниција“, обвинувајќи ги премиерот Еди Рама и лидерот на опозицската Демократска партија, Љуљзим Баша за тоа што молчеле по ова прашање, што, според него, било во служба на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.