Албанија и САД продолжуваат да ја зајакнуваат соработката на полето на безбедноста и одбраната.
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу на средба со вршителката на должност амбасадорка во американската амбасада во Тирана, Ненси Ван Хорн, потпиша меморандум за „именување советник за стратешко планирање во Министерството за одбрана”.
Во објава на Фејсбук, Венгу додава дека „тој ќе им се придружи на четворицата други американски советници кои секојдневно комуницираат со албанскиот цивилен и воен персонал, во модернизацијата, логистиката, персоналот и регрутирањето, како и сајбер безбедноста“.
– Проектите со повеќекратно стратешко влијание за земјата, како што се автономната поморска база Порто Романо, ревитализацијата на воената индустрија во земјата, како и политичките и финансиските определби кон НАТО, се во постојан фокус на нашето стратешко партнерство со САД, придонесувајќи во зајакнувањето на националната безбедност и регионалната стабилност, наведува министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.