Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога.

Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е уапсен во Леон Фебрес Кордеро Авенуе, на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол Холандија од 15 март откако истражителите го лоцирале – пренесува „АБЦ њуз“.

Според истрагата, во 2010 година Вокши, кој има и холандско државјанство, побегнал од Холандија најпрво во Перу, а од 2018 година живеел во Еквадор со сопругата и ќерката, преминувајќи ја границата по копнен пат.

Таму бил регистриран како трговец со овошје, исто како и во Барселона, Шпанија, што му овозможувало да ги избегнува полициските власти.

Уапсен е додека управувал камион, а одземени му биле шест мобилни телефони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.