Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена во изминатата седмица по трендот на зголемување во последните недели, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), но сепак останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица.
Според неделниот извештај на ЕОДИ, во периодот од 29 јули до 4 август 2024 година, позитивноста кај сите тестирани примероци е стабилна во однос на претходната седмица, регистрирани се 833 нови хоспитализации, што бележи намалување, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.
Од Ковид-19 починале 40 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 34, а бројот на смртни случаи во истата недела во 2023 година бил 27 лица.
Од ЕОДИ соопштуваат дека и понатаму се забележува растечки тренд на варијантата BA.2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.