Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина.
Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на Закинтос, како и во областите Епир и Етолоакарнанија, во следните 24 часа да избегнуваат непотребни движења.
Со одлука на заменикот префект на Крф, сите училишта на островот, денеска, превентивно ќе бидат затворени, откако вчера беше одржан состанок на координативниот центар за цивилна заштита, а сите служби во конкретниот регион се во состојба на готовност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.