Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград рано утринава беше затворен, како што неофицијално дознава ТВ Н1.рс, поради дојавата за наводна бомба, јави допсиникот на МИА од Белград.
Вработените и патниците биле пуштени во аеродромската зграда малку по 5 часот утринава.
Објавена е информација за доцнење на полетувањата на речиси сите утрински летови, по што авиосообраќајот постепено се нормализираше, пишува ТВ Н1.рс.
Искусниот пилот Стеван Игњатовиќ вчера изјави дека дојавите за бомби и следењето на авионите не ЕР Србија на летовите за Москва се притисок врз Србија и авиокомпанијата, која е единствена што сообраќа до главниот град на Русија.
Ќе има се повеќе информации за бомби, следење на цивилни авиони и притисок за домашни летови, со оглед на тоа дека доаѓа сезоната каде што граѓаните ќе сакаат да патуваат во Грција, Шпанија…аеродромите ќе бидат полни. Само ние летаме за Москва, не знам дали тука има економски влијанија, но факт е дека сите наши патници треба да се чувствуваат безбедно и да не се вознемируваат ако во близина видат борбен авион. Ситуацијата едноставно ќе трае се додека трае конфликтот меѓу Русија и Украина, кажа Игњатовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.