На 3-ти мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија се случи масакр што го изврши ученик (14) од седмо одделение, при што загинаа девет деца и еден чувар.

Тој кобен ден, во 8 часот и 40 минути, влегол во училиштето со ранец и два пиштоли, пукал во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во својот кабинет по историја и ги убил соучениците во училницата.

Зора Добричанин Никодиновиќ, која го застапува семејството на една од жртвите на момчето-убиец, вели дека државата не може да го казни момчето за масакрот.

Нема како да го казни! Тој е сместен само во здравствена установа, а тоа ќе трае се додека има потреба. Може да трае вечно, зависи од проценката на експертот, вели таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.