Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, најави дека Владата се бори да најде одржливо решение за атрактивната туристичка дестинација „Свети Стефан“.

Најлошата опција е да остане затворен. За се друго треба да се најде компромис и тоа со жителите. Тоа е најголемото туристичко богатство што го има Црна Гора, рече Абазовиќ.

Според црногорскиот премиер, можно е „Свети Стефан“ да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се отуѓи.

Тоа е идеја, потврдил Абазовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.