Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во Загреб порача дека ја гледа својата земја како дел од Европската Унија и дека ќе направи се за да стане нејзина идна членка.
Ако постои земја која е идеална за заживување на процесот на проширување на ЕУ, која е во некој вид замор, тоа дефинитивно е Црна Гора. Нашата идеја е да имаме најдобри можни односи со сите наши соседи, да изградиме заедничка иднина и да натпреваруваме во добри идеи – изјави Абазовиќ по разговорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Абазовиќ додаде дека Хрватска е „мотиватор за Црна Гора да ги заврши своите задачи поврзани со интеграцијата во ЕУ“ и изрази уверување дека Хрватска ќе биде меѓу првите земји што ќе го поддржат „принципот на заслуги“ поврзан со напредокот на патот на европската интеграција.
На заедничката прес-конференција, Пленковиќ оцени дека Црна Гора постигнала најголем напредок во процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува на тој пат.
Тој изјави и дека двете земји работат на зајакнување на економската соработка и на решавање на преостанатите билатерални прашања.
Освен со Пленковиќ, Абазовиќ се сретна и со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.