Неверојатната 88-годишна Даринка Челебиќ во петокот го преживеа масакрот на соседот Вук Бориловиќ (34), откако ранета успеала да скокне од прозорецот на својата куќа и да се спаси.

По излегувањето од болница, оваа старица за српските медиуми детално ги опишала сите застрашувачки моменти од попладнето на 12 август, кога се соочила со масовниот убиец од соседството.

Бев дома кога дојде. Одеднаш се појави на терасата, а јас бев спроти него, покрај скалите. Тој само ме гледаше. Му реков: „Само не ме убивај“, „Не пукај во мене“. Потоа ја крена раката со оружјето, пукаше и ме рани, а јас му реков: „Ти ме уби!“. Со мене беа Славица и Милева. Славица седна на бетонот, а Милева го сврте столчето. Му реков: „Не ги убивај!“. Ама ја застрела Милева во раката, а Славица ни сама веќе не знам каде, раскажува Даринка.

Виталната цетињанка раскажува како избегала.

Јас, што да правам, земам една крпа, скокам низ прозорецот и боса одам низ старата фабрика дури не стигнам во болница. Таму слушнав кој сè убил. И мене ќе ме убиеше да не избегав. Кога почна пукањето им реков на Славица и Милева: „Ова нема да заврши добро“, опишала старицата

Како што вели, по излегувањето од болница наздравила со чашка ракија со роднините и соседите.

За нов живот, рече Даринка, која се уште има завои на главата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.