Просечната нето плата во Црна Гора во јуни изнесувала 708 евра и е за 0,3 отсто помала од претходниот месец, покажуваат податоците на црногорската статистичка агенција Монстат.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на мај пораснале за 1,8 отсто, произлегува дека реалната заработка забележала месечен пад од 2,1 отсто, се објаснува во соопштението на Монстат.

Во однос на јуни 2021 година, просечната јунска нето плата е зголемена за 33,6 отсто.

Просечната бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 873 евра.

Монстат објави и дека просечната бруто-плата по вработен во вториот квартал годинава, во однос на првиот квартал, бележи намалување од 0,3 отсто



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.