Истражниот судија на Сплитскиот Жупаниски суд oдреди истражен затвор за 58-годишна сплитчанка, која прободела маж со кујнски нож во неговиот стан во населбата Пујанке во Сплит, Хрватска.
Причината за нападот е бизарна, пренесува „Далматински портал“. Таа во станот го довела своето 30 години помладо момче за да го истрижат. Изгледа дека не била задоволна од тоа како фризерот ја завршил работата, зошто зела нож од масата и го пробола во рамото, пренесува порталот.
На повредениот му е укажана лекарска помош во болница, а жената со кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда е однесена на распит во Државното правобранителство, а потоа ѝ е одредена мерка притвор за да не може да влијае врз сведоците.
Момчето на осомничената е странец, со пријавено живеалиште во Сплит, открива „Далматински портал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.