Во последните 24 часа се регистрирани 3410 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 29.308.

Од нив, 2.026 пациенти се во болница, од кои 138 се на респиратор.

Од последиците на вирусот починале 47 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 1.021.777 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 14.584 починале, вкупно 977.885 оздравеле, од кои 5.055 во последните 24 часа.

Во моментов има 14.630 лица во самоизолација.

Досега се тестирани вкупно 4.419.159 лица, од кои 9.694 во последните 24 часа, пренесе Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.