Едно лице загина во тешкиот судир што се случи утринава на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија, Србија.
Според информациите до кои дојде „Блиц“, младиот човек (18) возел брзо и претекнувал возила, а возачот на автобусот извртел за да го избегне.
Двете возила од силината на ударот завршиле во ендек, а тинејџерот кој го управувал патничкото возило загинал. Најмалку 4 лица се со тешки повреди, додека 20тина со полесни, но точната бројка уште не се знае.
Како што може да се види на видеата од социјалните мрежи, патничкиот автобус се превртел во ендек, а делови од возилото биле расфрлани по целиот пат:
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.