Бугарските власти соопштија дека 14-годишниот Михаил, осомничен за убиството на македонскиот државјанин И.Н., и претходно имал извршено кривични дела како кражби и разбојништва.
Бугарските медиуми објавија дека лани имал сличен инцидент кога претепал Украинец исто така со дрвен колец и му го украл златниот накит.
Да имаш извршено повеќе кривични дела до 14 години и да имаш криминално досие, не може да се смета воопшто за прифатливо однесување, изјавил Калојан Калојанов, висок комесар на полицијата во Бургас, задолжен за истрагата.
На убиениот Македонец кој до смрт бил претепан со дрвен колец му биле украдени 1.800 лева (околу 900 евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.