Актерката Амбер Херд (36) продала куќа во Јужна Калифорнија во долината Јука за 1,5 милиони долари, открива американскиот портал „ТМЗ“, според евиденцијата за имот на Zillow.
Во текот на судењето се шпекулираше дека актерката е сопственичка на таа куќа поради сомнително купување преку анонимна фондација. Куќата е купена уште во 2019 година преку анонимна фондација која наводно е поврзана со Амбер, а потоа тајно била продадена за нешто повеќе од 570.000 долари.
Странските медиуми тврдат дека стапиле во контакт со новиот сопственик на вилата, кој тврди дека куќата ја купил преку агенти кои работеле за Амбер, но дека никогаш ништо не договарал сам со неа.
Амбер за куќата добила речиси двојно повеќе отколку што платила пред три години, со што заработила околу 476.663 долари. Актерката ја купила куќата пред пандемијата и оттогаш вредноста на недвижностите главно пораснале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.