Денес на закажан термин за ЕЕГ во државна болница за 7 годишно дете од Берово, на детето не му се изврши снимањето, бидејќи имало селење и апаратите ги исклучиле, и никој не нашол за сходно да ги извести родителите.
Чисто за да добиете реална претстава за ситуацијата: на таков преглед се потребни двајцата родители, што значи двајцата родители изостануваат ден од работа. Терминот беше во 08.00 часот наутро, автобуси од Берово толку рано нема, што значи мора да дојдат во Скопје ден порано, а до 14.00 часот се на работа, што значи пак немаат превоз. Замолиле пријател да ги донесе тројцата, и тој се врати веднаш назад, бидејќи си е човекот на работа.
Тој преглед треба да се направи додека детето спие, што значи или седите будни со детето цела ноќ, за да заспие во 8 сабајле, или спие до полноќ па будни до сабајле и така измрцварени тројцата одите во болница, и ви викаат апаратите ни се исклучени се селиме! На закажан термин!
Толку имам да кажам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.