Во февруари и март РК Вардар 1961 ќе ги одигра последните четири натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, а две средби се закажани во салата во СЦ „Јане Сандански” – Скопје против ППД Загреб и Елверум.

Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за овие две средби од ЕХФ Лига на шампионите почна продажбата на поединечните билети за средбите против ППД Загреб и за Елверум.

* Натпреварот Вардар – ППД Загреб е закажан за 23 февруари 2022 во 20.45 часот.
* Натпреварот Вардар – Елверум е закажан за 9 март 2022 во 20.45 часот

Дозволено е користење на 50 отсто од капацитетот на салата, до максимални 2.750 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.