Живко Мукаетов си заминува од функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и на негово место доаѓа Александар Стефанов, генералниот спонзор на скопскиот клуб Бутел, пишува порталот „24 Ракомет“.

Мукаетов, кој е предводник на новоформираниот машки клуб РК Алкалоид, својата одлука за можно повлекување ја најави во интервју за спортскиот портал Екипа.мк пред неколку дена.

Како што пишува „24 Ракомет“ се споменуваат повеќе кандидати кои се сметаат за најсериозен наследник на Мукаетов. Но, како „прв пик“ е членот на УО на РФМ, Стефанов. Тој е еден од најмладите членови на УО, поранешен ракометар кој неколку години го предводи клубот од Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.