Веселин Вујовиќ нема повеќе да го води хрватскиот прволигаш Нексе, тим кој го преземе пред два месеци од Бранко Тамше.

Поранешниот тренер на Вардар и екс македонски селектор не успеа да ја разбуди екипата, да ги донесе посакуваните резултати, па по ремито со Пореч во домашниот шампионат било одлучено да се заврши соработката со искусниот стратег.

Во овој период додека Вујо го водеше клубот од Нашице истиот беше елиминиран од РНЛ во Лига Европа, во првенството е на делба на второто место, а не треба да се заборави дека во овој период се случи и инциндетот со Загреб поради кој се очекува Вујовиќ да биде санкциониран.

Поради сите овие причини тој си заминува, неговото место ќе го заземе асистентот Крешо Иванковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.