Македонскиот шампион потешко од очекувањата го совлада Алкалоид во 4.коло од ракометната Суперлига.

Вардар славеше против градскиот ривал со резултат 28:25, по што „црвено-црните“ се лидери во табелата со максимален број бодови.

Алкалоид на 10 минути пред крајот поведе со 22:21, но потоа следуваше серија на „црвено-црните“ од 5:0 која се покажа како клучна.

Дејан Манасков со 8 голови е најефикасен во тимот на Вардар и на натпреварот, а Филип Талески постигна 6 гола. Мартин Томовски имаше три одбранети седмерци и плус осум топки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.