Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.
„Црвено-жолтите“ се дел од група 1, заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург.
На списокот на Лазаров, помеѓу 35-те повикани играчи се најдоа и Филип Талески и Гоце Георгиевски кои ги пропуштија претходните две средби, со Португалија дома и на гостински терен.
Македонската репрезентација на 26 април му гостува на Луксембург, а четири дена подоцна ја пречекува Турција. Со една победа избраниците на Лазаров речиси сигурно ќе обезбедат место на Еуро 2024
Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.