Вардар следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, по одлуката на ЕХФ дека не може да биде дел од елитата поради заостанати долгови. Капитенот Стојанче Стоилов откри дека е разочаран од одлуката, но уверен е дека ќе биде преброден и овој лош период.

„Разочаран сум од одлуката на ЕХФ, сите сме шокирани. Не се свесни каква е ситуацијата во клубот кај нас. Бездушно не казнија кога долговите беа при крај и се беше исчистено. Токму кога застанавме на нозе по неколку тешки години по титули во ЛШ, оваа одлука на ЕХФ, не враќа назад“.

„Како што кажа и Михајло, не сакаме да нагаѓаме, но и претходно имаа можност да не казнат, но ова сега е некоја чудна казна. Јас гледам субјективно, овде сум долго и ќе останам до крај, ќе поминеме низ ова. Се надевам дека Михајло нема наскоро да си замине и ќе остане со нас. Сепак е во право за она што го збори, дека е во години, дека сака мирен живот, но Вардар се уште не е доспасен за тој да не напушти, потребен ни е“.

„Еве јас да пренесам еден апел…. не беше одамна кога освојувавме титули во ЛШ, во тешка ситуација во клубот. Успесите брзо се забораваат од ЕХФ. Вардар не смее да згасне, иако имаше ветена помош, ништо од тоа. Знаат добро дека беше тешка ситуацијата, пандемија, војна, но сепак чудна беше одлуката на ЕХФ. Не играме во ЛШ и тоа е чекор назад за нас. Михајло рече ќе обезбедиме уште некој играч за да бидеме конкурентни за домашното првенство“, порача Столе Стоилов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.