Репрезентацијата на Шведска го освои трофејот на 15. Европско ракометно првенство кое изминатите две и пол недели се одржуваше во Унгарија и Словачка.
Швеѓаните вечерва во Будимпешта во неизвесен натпревар славеа победа со 27:26 со гол постигнат од пенал по истекот на 60. минута. Највисоката предност која ја имаше една од двете репрезентации во текот на финалето изнесуваше два гола.
На овој начин шведските ракометари се реваншираа за поразот во Загреб во финалето на ЕП 2018 година. За нив овој трофеј е прв по пауза од 20 години кога беа на европскиот трон.
Во предигра на големото финале, Данска ја победи Франција со 35:32 (по продолженија) и се закити со бронзениот медал.
Шведска е рекордер со освоени пет титули, Шпанија остана на двете од претходните две првенства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.