Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата.

Овие зборови, ракометниот клуб Вардар, му ги посветува на еден од најмаркантните и најуспешни ракометари во историјата, Столе Стоилов, кој најави дека се повлекува од репрезентацијата .

Тој е повеќе од легенда, ракометна икона, и идол на сите млади ракометари. Беспоштеден борец, фајтер до крај.

 

Со пласман на СП 2023 година и триумф во квалификациите против Чешка, нашиот капитен Стојанче Стоилов ја заврши репрезентативната кариера. Им остави трасиран пат на младите да продолжат по неговите стапки.

 

Повеќе од една деценија беше еден од бедемите на македонската ракометна репрезентација.

 

Столе ти си наша икона! – се наведува во пораката на Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.