Македонија на Светското првенство во Полска и Шедска ќе се натпреварува во Ф-групата, во Краков, против Норвешка, Холандија и Аргентина.
Ракометниот мундијал ќе се игра од 12 до 29 јануари наредната година. Учество ќе земат 32 репрезентации поделени во осум групи. По три селекции од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во гчавната фаза.
Македонија првиот меч ќе го одигра против главниот фаворит во групата Норвешка на 13 јануари, два дена подоцна противник на нашите ракометари ќе им биде Холандија, а на 17 јануари Македонија ќе игра против Аргентина.
Сите натпревари Македонија ќе ги одигра во терминот од 20.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.