Ракометниот сојуз на Црна Гора го откажа настапот на националниот тим, на турнирот во Винтертур, Швајцарија, откако на последното тестирање, позитивни тестови добиле тројца играчи и еден член на стручниот штаб.

Овој турнир на Црногорците требаше да им биде генерална проба за настап на Европското првенство. Тие се наш втор противник на престојното Европско првенство.  Натпреварот, во рамките на А-групата, ќе се одигра на 15 јануари од 18 часот во Дебрецен, Унгарија.

Коронавирусот им направи големи проблеми на неколку репрезентации. Поради заразени играчи, слично како Црна Гора, контролните натпревари ги откажаа Франција и Србија.

СИте тестови на македонската екипа се негативни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.