Денеска во Скопје, во 81. година од животот, почина Лефтер Бошковски, поранешен селектор на ракометната репрезентација.
Бошковски важаше за еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет.
Ракометните чекори и образованието го стекна во Романија, а потоа своето знаење да го пренесе во Македонија каде беше селектор на женскиот сениорски национален тим, тренер на РК Вардар, Работнички, Кометал Ѓ.П.
Во својата богата тренерска кариера ќе остане запишан првиот трофеј на премиерното издание на струшкиот турнир, како тренер на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.