Претседателот на белградскиот ракометен клуб Партизан, Жељко Перкуниќ, синоќа јавно му се извини на српскиот претседател Александар Вучиќ поради непристојното навивање на негова адреса.
Случајот датира од 3 февруари кога Перкуниќ заедно со десетина навивачи на Партизан го бодреа српскиот кошаркарски тим на гостувањето во Каунас против Жалгирис. Перкуниќ се појавува на видео објавено на социјалните мрежи на кое заедно со навивачи на Партизан скандира непристојни зборови упатени кон Вучиќ.
„Поради своето непримерно навивање на гостувањето во Каунас, лично му се извинувам на господинот Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, и на сите на кои им направив непријатности со мојата непримерна постапка“, наведе Перкуниќ во кратко соопштение објавено на сајтот на српскиот ракометен прволигаш.
Поради овој непримерен гест претседателот на Партизан вчера беше сменет од местото член на Управниот одбор на српската Асоцијација на ракометни прволигаши
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.