Ракометната репрезентација го обележа големиот христијански празник Бадник. Паричката падна кај репрезентативецот Мартин Серафимов.

Во пресрет на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација го одработува вториот дел од подготовките.

Ракометарите ги одреботија последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4, 7 и 10 јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11 јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари во 18:00 часот.

Му посакуваме на Мартин среќна и бериќетна година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.