Ракометниот клуб Вардар оваа сезона не е за во Европа. Ова е заклучокот од првиот меч во квалификациите за Лигата на Европа, на кој германски Рајн Некар Левен славеше со резултат 34:25.

Иако бевме навикнати да го гледаме нашиот великан во Лигата на шампионите се чини дека оваа сезона и второто по ранг натпреварување е пресилно.

Рајн Некар Левен е пресилен за овој нов Вардар, со речиси цел нов состав. Германците имаа доминација на целиот меч, освен на крајот на првото полувреме кое заврши нерешено.

За Вардар оваа сезона останува битката на домашен терен и во регионалната лига. А за Европа е рано или веќе доцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.