Дваесетина добри минути во средината на првото полувреме, кои доведоа до егал на семафорот од 9:9, не беа доволни за македонската ракометна репрезентација рамноправно да и се спротивстави на Норвешка.
Фаворизираните и многу квалитетни Норвежани, од тој момент целосно ја презедоа контролата врз натпреварот и рутинирано го доиграа натпреварот до крај. На полувреме беше 18:11, а на крајот резултатот беше 39:27.
Нашите голмани имаа осум одбрани, а во офанзива најефикасни беа Талевски со седум и Манасков со пет голови.
На другиот натпревар од почетното коло во оваа група, Холандија ја совлада Аргентина со 29:19.
Следниот предизвик за нашата репрезентација на ракометниот мундијал е во недела, кога играме против Холандија со почеток од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.