Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство силите ги мереа Германија и Македонија, ги отстранувало сите реквизити на кои го имало македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините.
Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одзимаше на влезот.
Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња.
Затоа следниот натпревар ќе има уште повеќе знамиња во сала.
„Проклети да се предавниците“, порача еден од најверните навивачи на македонските тимови, Наце Митев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.